Линкови за пристапност

Рејтингот на Обама ги загрижува демократите


Рејтингот на Обама е околу 40 проценти, што според некои ги става во ризик демократите да го задржат мнозинството во Сенатот

Ова е изборна година во Конгресот на САД, но веќе станува јасно дека многу од демократските кандидати се определени да се држат на политичко растојание од претседателот Барак Обама. Рејтингот на Обама кај јавноста е околу 40 проценти и многумина демократи се загрижени дека тоа може да им наштети на надежите да го задржат мнозинството во Сенатот годинава и да спречат загуби во Претставничкиот дом.

Предизвиците во странство на претседателот се зголемија во последно време, вклучувајќи го насилството на Блискиот Исток и Ирак и имиграционата криза по должина на јужната граница на САД.

Но и покрај тоа што имиграционата криза доминира во домашните вести, претседателот е целосно посветен на економијата и се обидува да го заобиколи обидите на Републиканците да ја блокираат неговата агенда во Конгресот.

За време на неодамнешната посета на Тексас, Обама го повтори ветувањето дека ќе преземе акција за надминување на политичкиот ќорсокак во Вашингтон.

„Секогаш кога ќе имам моќ, законски авторитет да им помогнам на семејставата како вашите, дури и Конгресот да не прави ништо, ќе ја искористам можноста. Ќе се обидам да сторам нешто“, рече Обама.

Претседателот исто така ги отфрли плановите на Републиканците да го тужат во федералниот суд за употреба на извршна власт по повеќе прашања:

„Ги слушате некои од нив тужете како велат: Ќе го тужиме. Ќе го отповикаме. Навистина? За што?! Затоа што си ја вршам работата?“

За имиграционото прашање, Републиканците го обвинуваат претседателот дека не прави доволно за обезбедување на јужната граница на САД. Републиканскиот спикер на Претставничкиот дом Џон Бејнер вели:

„Ова е проблем што претседателот самиот си го креираше. Тој е претседател пет и пол години. Кога планира да преземе одговорност за нешто?“, рече тој.

Претседателот исто тако е под притисок од неговата политичка левица и либерални демократи како конгресменот Луиз Гутиерез од Илиноис кој сака да биде сигурен дека младите мигранти од Централна Америка се заштитени.

„Планирам да го подржам барањето на претседателот за буџетот, но мора да бидеме сигурни ова нема да биде на штета на правдата за децата“, вели тој.

Но главен проблем за Демократите во овој момент е слабиот рејтинг на претседателот.

Историски, слабите анкетни цифри за претседателот во изборната конгресна година и прават проблеми на претседателската партија, вели полтичкиот аналитичар Чарли Кук.

„Секогаш кога имате избори на половина мандат на претседатскиот, а претседателот има рејтинг под 50 проценти, тоа е проблем.“

Републиканците моментално го држат мнозинството во Претставничкиот дом, и им требаат шест места за да добијат мнозинство и во Сенатот. Републиканска контрола во двата дома за претседателот би била огромна препрека за спроведување на неговата агенда.

Политичкиот аналитичар Џон Фортиер од Двопартискиот политички центар во Вашингтон вели дека Републиканците се на добар пат тоа да го реализираат.

Меланхоличниот втор мандат на претседателот Обама се поклопува со она што е до сега видено во историјата, вели Чарли Кук, потенцирајќи ги вторите мандати на Џорџ В. Буш, Бил Клинтон и Роналд Реган.

„Во шеста, седмата и осма година како да остануваат безгориво и типично - се случуваат лоши работи.“

Претседателот Обама се труди трендот да го преиначи и има енергичен распоред на настани и говори за да им даде енергија на демократите во претстојните избори, но останува да се види колку помош демоктратите ќе сакаат да добијат од Обама.

XS
SM
MD
LG