Линкови за пристапност

Републиканците се закануваат дека ќе го тужат Обама


Белата куќа вели дека наместо енергијата да се троши на тоа, тие треба да работат со претседателот за подобрување на ситуацијата на средната класа.

Американскиот претседател Барак Обама и републиканците во Конгресот во четврток разменија обвинувања додека плановите за поведување судска постапка против претседателот се интензивираат.

Белата куќа објави соопштение доцна во четвртокот велејќи дека републиканците кои поддржуваат таква постапка учествуваат во политички атак, наместо да работат со претседателот за проширување на економските можности за средната класа.

Соопштението е одговор на нацрт-легислативата објавена од републиканците во Претставничкиот дом неколку часа порано, која, доколку помине ќе го авторизира Конгресот да бара судска постапка. Легислативата наведува дека претседателот го прекршил уставот во 2013 со промената на законот за реформа на здравственото осигурување без да добие одобрение од Конгресот.

Легислативата се однесува на одлуката на администрацијата да го поништи мандатот дека работодавците обезбедуваат здравствено осигурување за нивните вработени. Спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер вели дека претседателот го прекршил уставот не барајќи одобрение за промената.

XS
SM
MD
LG