Линкови за пристапност

Обама заминува за Европа


Американскиот претседател се надева дека украинската криза ќе се реши со дипломатија и санкции

Дека Русија успеа во преземањето на Крим, навидум е веќе готова работа, но Обама не се откажува од решавањето на кризата со сакнции и дипломатија.

„Продолжува дипломатијата меѓу САД и Русија. Подвлековме дека Русија се` уште може да избере поинаков пат - да ја деескалира ситуацијата и да бара дипломатско решение со владата во Киев, со поддршка на меѓународната заедница“, кажа претседателот Обама.

Во Европа, Обама со партнерите ќе разговара за економски пакет помош за Украина, но и за нови санкции против Русија. Првата станица - Хаг. За разлика од претходните средби на Г-8, оваа ќе биде без Русија. Обама ги повика колегите од Г-7 на средба на маргините на Самитот за нуклеарна безбедност, да разговараат за изолирањето на Москва. Во тоа, тој има несекојдневен сојузник, Кина, која покрена прашања за руските постапки на Крим. Обама и неговиот кинески колега Ши Џинпинг веќе закажаа средба.

Следна станица - ЕУ и НАТО во Брисел. Со тоа што досегашниот американски напредок да се запре Русија нема видливи резултати, Обама ќе упати порака до НАТО-сојузниците.

Тој вели дека американската поддршка за НАТО не попушта, и дека „не` врзува обврската од Членот 5 да се браниме меѓусебно, и мноштвото заеднички вредности за што се жртвуваа толку многу генерации.“

Последна станица - Рим, а таму, прва средба на Обама со папата Францис. Ќе разговараат за борбата против сиромаштијата и нееднаквоста.

Од Европа, американскиот претседател ќе замине за Саудиска Арабија. На дневен ред со кралот Абдула се очекува да бидат војната во Сирија и иранските нуклеарни амбиции.
XS
SM
MD
LG