Линкови за пристапност

Претседателот на национална турнеја


Со посета на Висконсин и Тенеси Барак Обама го продолжува промовирањето на своите политички планови изнесени во вторникот навечер

Американскиот претседател Барак Обама застанува во Висконсин и Тенеси за промовирање на неговите политички планови што ги изнесе порано неделава во говорoт за состојбата во која се наоѓа унијата.

Претседателот го започна денот со посета на фабрика за мотори во сопственост на Џенерал Електрик во близина на Милвоки, Висконсин.

Тој кажа, бизниси како Џенерал Електрик креирале милиони нови работни места и помогнале да се намали стапката на невработеност на најниско ниво за последниве пет години.

Тој 2014-та ја нарече „година на пробив за Америка“ , велејќи дека САД се подобро позиционирани да успеат од која било друга држава.

Подоцна претседателот ќе зборува пред ученици во средно училиште во Нешвил, Тенеси.

Обама ги објаснува неговите идеи за реформа на даночниот кодекс, за креирање работни места, можности за образование и финансирање на иноваторството.
XS
SM
MD
LG