Линкови за пристапност

Обама вели марихуаната не е полоша од алкохолот


За магазинот Њујоркер претседателот кажа дека не заговара пушење марихуана, но дека не е опасно како конзумирање алкохол.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека мисли оти користењето марихуана е помалку опасно отколку конзумирање алкохолни пијалоци, но на неговите ќерки им рекол дека не се залага за пушење „тревка“.

Во интервју по голема лепеза прашања со магазинот Њујоркер тој рекол дека пушел марихуана како млад, но дека сега на тоа гледа како на „лоша навика“. Но тој кажа дека пушењето марихуана „не е многу различно“ од пушење цигари што го правел за време на поголемиот дел на неговиот живот како возрасен пред да се откаже од таа навика.

Тој рече дека пушењето марихуана не е опасно како пиењето алкохол во смисла на ефектот на поединечниот конзумент. Но тој рече дека тоа не е нешто што би го охрабрувал.

САД е среде дебата за користењето и криминалитетот на марихуаната. Националните закони се` уште бараат кривични казни за поседување, но некои држави дозволуваат продажба за медицински третман и гласачите во две западни држави, Колорадо и Вашингтон, ја одобрија продажбата за рекреативна употреба.
XS
SM
MD
LG