Линкови за пристапност

Претседателот ја правда употребата на беспилотни летала


На Универзитетот за национална одбрана во Вашингтон, во значаен говор за националната безбедност, Обама кажа дека е свесен за ризиците, но дека „не е опција“ да не се стори ништо.

Претседателот Барак Обама вели дека американската армија единствено употребува беспилотни летала во „тешко ограничени“ околности, и дека преферира приведување, испрашување и процесирање на терористи.

Зборувајќи на Универзитетот за национална одбрана во Форт Мекнер, во четврток, Обама ја правдаше тајната армиска тактика за која ретко се зборува, како „прецизно целење“ на терористичката група ал-Каида и поврзаните со неа.

Обама призна дека секоја акција на американската армија на странска почва влијае на јавното мислење во странство и ризикува креирање повеќе непријатели. Но, тој кажа дека САД едноставно не можат да дозволат на терористите да се зацврстуваат на места од каде можат да планираат и изведуваат смртоносни напади.

„Запомнете дека терористите на кои ние целиме, за цел имаат цивили, и дека бројот на жртви од нивните акти на тероризам против Муслимани не можат ни оддалеку да се споредат со секоја проценка на цивилни жртви од напади со беспилотни летала. Така, да не се стори ништо не е опција“, рече Обама.
XS
SM
MD
LG