Линкови за пристапност

Обама во Њујорк


Обама во Њујорк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:58 0:00

Обама во Њујорк

Претседателот и првата дама го посетија облакодерот што е изграден на местото каде беа Кулите близначки

Претседателот Барак Обама и првата дама Мишел Обама го посетија облакодерот што е изграден да ги замени Кулите близначки кои беа уништени во терористичките напади на 11 септември 2001.

За време на турнејата во Њујорк во четвртокот, Обама ги поздрави градежните работници на проектот и го стави потписот на еден од челичните столбови што ќе бидат дел од рамката на зградата. Претседателот беше придружен од гувернерот на Њујорк Ендру Комо, гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи и градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг.

Групата прошета по незавршениот 22-ри кат на зградата што носи име One World Trade Center, застанувајќи пред макетите и сликите поставени наоколу што покажуваат како ќе изгледа целиот објект кога ќе биде завршен, во 2014-та.
XS
SM
MD
LG