Линкови за пристапност

Обама во домот на Џесика Паркер


Имајќи потреба да ја засили својата донаторска база, претседателот ќе биде гостин на холивудски прием

Имајќи потреба да ја засили својата донаторска база, претседателот Барак Обама се потпира на елитните забавувачи, кои станаа играчи во неговата кампања.

Во четврток тој ќе дојде во домот на Сара Џесика Паркер во Вест Вилиџ на Њујорк. Ѕвездата на „Секс и градот“, која е мажена за актерот Метју Бродерик, приредува вечера заедно со уредничката на Вог Ана Винтур, што поканетите ќе ги чини секој по 40 илјади долари.

Претседателот и првата дама Мишел Обама потоа ќе се појават на втор таков настан во Менхетн, каде главен забавувач ќе биде Мараја Кери.

Демократите традиционално имат политички и идеолошки врски со телевизиската и филмската индустрија, но статусот на Обама меѓу славните опадна за трите години на чело на државата. Освен тоа тимот на Обама собира помалку пари од мотивираните републиканци за претседателската кампања.
XS
SM
MD
LG