Линкови за пристапност

Обама: проблемите во САД не можат да се решат преку ноќ


Американскиот претседател ова го кажа по состанокот во Белата куќа со претставници на полицијата, гувернери и градоначалници

Претседателот Барак Обама, вели дека САД може да очекуваат уште тензии меѓу полицијата и заедниците и во иднина.

„ Не слушнав никој на оваа маса да предложи решение кое може да се случи преку ноќ, бидејќи корените на проблемот што ги видовме оваа недела се длабоки. Оваа држава има културолошки и расни проблеми, како сиромаштија, на пример, што не би можеле да се решат преку ноќ“.

Обама ова го кажа по четиричасовен состанок во Белата куќа со претставници на полицијата, гувернери и градоначалници, како и членови на движењето „Црните животи вредат“, со цел да се преземе акција за спречување на полициската бруталност и да се реформира кривичното законодавство.

Состанокот во Белата куќа уследи по убиството на петемината полицајци во Далас, Тексас, од црн армиски ветеран.

XS
SM
MD
LG