Линкови за пристапност

Обама - уредник на магазинот „Wired “


Obama
Obama

Тој е првиот претседател на функција кој бил гостин-уредник на магазин

Претседателот на САД Барак Обама беше уредник на ноемвриското издание на магазинот „Wired “. На тој начин, Обама стана прв претседател на функција, што уредувал голем магазин.

Списанието, во чиј фокус е врската меѓу технологијата и културата, излезе добар погодок за Обама, земајќи ја предвид неговата љубов кон технологијата.

„Кога `Wired` ме праша да бидам гостин-уредник на ноемвриското издание не се мислев. Знам дека е изборна сезона, но јас имав еднодневна работа, околу која бев доста зафатен. Секако дека ќе речам да, кога ќе ми се даде шанса за детален разговор за вештачка интелегенција. Го сакам тоа“, рече Обама.

„Wired“ беше седум пати уредуван од гости, меѓу кои од тенисерката Серена Вилијамс, режисерот Џејмс Камерон, како и од поранешниот претседател Бил Клинтон и основачот на Микрософт Бил Гејтс.

„Она што гостите-уредници обично го прават, ни кажува кои се тие и за што се грижат“, рече уредникот на магазинот Скот Дадич, и додаде:

„Излезе дека претседателот Обама е голем обожавател на Стар Трек“.

XS
SM
MD
LG