Линкови за пристапност

САД го укинуваат ембаргото за продажба на оружје на Виетнам


Соопшти претседателот Барак Обама кој се наоѓа во тридневна посета на оваа земја во рамки на турнејата низ Азија

САД го укинуваат ембаргото за продажба на оружје на Виетнам, што беше на сила 50 години. Претседателот Барак Обама оваа го соопшти од Ханој.

На прес конференција со виетнамскиот колега Тран Даи Кванг, Обама кажа дека САД ќе му помогнат на Виетнам да ги отстрани преостанатите нагазни мини и хемиски материјал по војната меѓу двете земји.

„Посетата на претседателот Обама на Виетнам, претставува значително подобрување на односите меѓу обете земји, како партнери по бројни прашања“, изјави Бен Роудс, американскиот заменик-советник за национална безбедност.

По Виетнам, Обама заминува за Јапонија, при што ќе ја посети Хирошима.

XS
SM
MD
LG