Линкови за пристапност

Обама размислува за „ограничен“ одговор на сириската ситуација


Претседателот Барак Обама

Претседателот Барак Обама

И натаму прима информации од армијата и неговиот тим за национална безбедност.

Американскиот претседател Барак Обама се` уште не донел конечна одлука како да реагира на наводниот хемиски напад во Сирија, но вели дека разгледува „ограничен, тесен“ потег.

Обама ова го изјави кусо време откако државниот секретар Џон Кери, повикувајќи се на американското разузнавање и презентирајќи верзија на извештај од кој се отстранети строго доверливите делови, кажа дека минатонеделниот напад близу Дамаск го извршила сириската влада.

На денешен брифинг, виш претставник на владата на Обама кажа дека претседателот и натаму прима информации од армијата и неговиот тим за национална безбедност, за можностите што на располагање. Истиот извор информираше и дека претседателот се консултура со Конгресот и разни меѓународни партнери.
XS
SM
MD
LG