Линкови за пристапност

Обама: За пораз на ИСИС потребен е политички договор во Сирија


Обама ова го изјави по средбата со канадскиот премиер Џастин Трудо, на маргините на Азиско-пацифичкиот самит во Манила.

Претседателот Барак Обама изјави дека напорите за поразување на организацијата Исламска држава, нема да успеат, доколку не се постигне политички договор во Сирија.

„Нема да биде доволно за нас да имаме официјални политички процеси, а сирискиот претседател Башар Ал Асад и натаму да биде на функцијата. Причината не е заради моето мислење за него. Ова е бидејќи е незамисливо да ја спречите граѓанската војна во оваа земја, кога мнозинството од населението го сметаат за брутален, смртоносен диктатор“, истакна претседателот на САД.

Обама ова го изјави по средбата со канадскиот премиер Џастин Трудо, на маргините на Азиско-пацифичкиот самит во Манила.

САД и другите западни земји коишто ги поддржуваа бунтовничките борци, подолго време инсистираа дека Асад мора да поднесе оставка, додека сириските сојузници, Русија и Иран се противат на овие повици.

XS
SM
MD
LG