Линкови за пристапност

Обама вети се` во негова моќ за спречување трагедии како онаа во Конектикат


Тој во недела вечерта им се придружи на ужалените во Њутаун, кои загубија 26 свои жители.

Американскиопт претседател Барак Обама вети дека ќе ја употреби сета моќ за да се спречи трагедијата како онаа во петокот, кога вооружен 20-годишник усмрти 20 деца и 6-мина возрасни во основното училиште во Њутаун, Конектикат.

Денеска започнаа погребите за жртвите, додека училиштето и натаму е затворено за настава.

Претседателот Обама вчера го посети ова мало гратче обраќајќи се пред ужалените со зборовите дека не се сами во овие тешки времиња и дека земјата во моментов се наоѓа пред тешки прашања.

Тој подвлече дека ова е четврто по ред масовно убиство откако е на претседателската функција, речиси четири години.

„Ова повеќе не може да се толерира. Овие трагедии мора да запрат, а за да прекинат, ние мора да се промениме. Ќе ни биде укажано дека причините за таквото насилство се сложени и тоа е точно. Ниту еден закон или група на закони не можат да го елиминираат злото од светот и да спречат секој можен акт на насилство во нашето општество. Но, тоа не може да биде изговор за непреземање акција“.

Претходно, претседателот Обама приватно се сретна со семејствата на жртвите во училиштето Сенди Хук, по што им се заблагодари на надлежните кои први се упатиле на местото на настанот.
XS
SM
MD
LG