Линкови за пристапност

Обама „на поправен“ против Ромни


Претседателот најавува поагресивен пристап во вечерашниот, втор од вкупно трите ТВ-дуели во живо.

Советниците на претседателот Барак Обама најавуваат негов многу поенергичен настап на вечерашниот, втор од вкупно трите ТВ-дуели против републиканскиот предизвикувач Мит Ромни.
Медиумите фокусирани на дуелот Обама-Ромни: последни подготовки пред вечерашната дебата

Медиумите фокусирани на дуелот Обама-Ромни: последни подготовки пред вечерашната дебата

Критиките на адреса на Обама по првата дебата на 3-ти октомври беа дека настапил рамнодушно и неподготвено за разлика од Ромни, за кого впечатоците беа дека беше попосветен и поагресивен. Млакиот учинок на Обама доведе до пораст на рејтингот на Ромни и сега обајцата се практично изедначени во анкетите.

Вечерашната дебата на Универзитетот Хофстра во Њујорк ќе има формат на собир на граѓани - Обама и Ромни ќе одговараат на претходно избрани прашања од Американците што ќе ги поставува водителот на дебатата.

Обама мината недела мина неколку дена е во туристичкото место Вилијамсбург во сојузната држава Вирџинија, каде, според неговите советници, интензивно се подготвувал за поагресивна реакција на ставовите на Ромни.

Изборниот штаб на Ромни, пак, вчера соопшти во септември собрал 170 милиони долари од донации. Штабот на Обама минатата недела објави дека во септември примил 181 милион.
XS
SM
MD
LG