Линкови за пристапност

„Здраворазумни чекори“ против насилството со огнено оружје


Претседателот Обама врши притисок за легислатива што ќе спречи „нов Њутаун“.

Претседателот Барак Обама смета дека САД имаат најдобра шанса во последниве десетина години да направат, како што ги нарече самиот, „здраворазумни чекори“ за усвојување на закон што ќе спаси животи од насилството со огненото оружје.

Ако постои барем еден чекор што може да го направиме за да спасиме барем едно дете, барем еден родител, барем уште еден град да не ја искуси жалоста што ја искусија овие мајки и татковци, тогаш треба и да го направиме. Имаме обврска да се обидеме“, рече Обама, опкружен со родителите чии деца паднале како жртви на насилството.

Церемонијата во Белата куќа беше во знак на сеќавање на загинатите во Њутаун, сојузната држава Конектикат на 14-ти декември минатата година, кога 20-годишник најпрвин дома ја уби својата мајка, а потоа 20 ученици и шесторица членови на персоналот на училиштето Сенди Хук.

Обама кажа дека 90% од Американците се за универзална безбедосна проверка на лицата кои сакаат да купат огнено оружје. Тој ги повика сонародниците да проверат каков став имаат нините претставници во Конгресот и да извршат притисок врз нив, да преземат итни мерки за спречување на насилството.

„Нема да седиме и чекаме да се случи нов Њутаун, ново недолжно, прекрасно дете да падне од куршум на игралиште во Чикаго, Филаделфија или Лос Анџелес“, рече Обама.

Конгресот треба да гласа за легислативата против насилството во наредните неколку недели.
XS
SM
MD
LG