Линкови за пристапност

Обама не очекува блискоисточен мировен договор до крајот на мандатот


Додека претседателот Обама се подготвува да го прими во посета израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, Белата куќа не очекува многу од средбата.

Претседателот Барак Обама не очекува дека до крајот на неговиот мандат ќе биде постигнат мировен договор меѓу израелските и палестинските лидери, велат претставници на Белата куќа.

Соопштението доаѓа во време на подготовките на претседателот Обама да го прими во посета израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху во Белата куќа во понеделник.

На нивната средба се гледа како на обид за подобрување на дипломатските врски и продлабочување на американските армиски релации со израелската влада, која силно се противи на нуклеарниот договор со Иран.

Обама исто така ќе ја искористи оваа средба за да го притисне Нетанјаху за детали на неговата политиката кон Палестинците, вели претставникот на Советот за национална безбедност за Блискиот исток во Белата куќа, Роб Мали.

„Претседателот смета дека реалистична оценка е оти нема да дојде до сеопфатен договор за конечниот статус до истекувањето на неговиот мандат, и дека најверојатно нема да има суштински преговори помеѓу двете страни“ вели тој.

„Ако се има предвид таа реалност, како тогаш премиерот го гледа напредокот на Израел?“ прашува Мали.

Администрацијата на Обама прави голем напор за обновување на израелско-палестинскиот мировниот процес, што има за цел создавање на одвоена држава, Палестина, што ќе постои рамо до рамо со Израел.

Разговорите помеѓу Израел и Палестинската управа пропаднаа во 2014-та. Оттогаш имаше наплив на насилство помеѓу Палестинците и Израелците.

XS
SM
MD
LG