Линкови за пристапност

Обама и Нетанјаху разговараа за безбедносната ситуација на Блискиот исток


Двајцата лидери ја афирмираа армиската и безбедносната алијанса меѓу нивните држави

Американскиот претседател Барак Обама и израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху се сретнаа во Вашингтон во понеделникот, обидувајќи се да најдат начин да се справат со она што американскиот лидер го опишува како влошување на безбедноста во Блискиот исток.

Двајцата лидери топло го поздравија долгогодишниот армиски и безбедносен сојуз помеѓу двете земји, при што претседателот Обама рече дека „безбедноста на Израел е еден од главните цели на мојата надворешна политика.“

Обама кажа дека знае оти израелската влада се противи на нуклеарниот договор со Иран и е против укинувањето на економските санкции против Иран, но исто така изрази надеж дека двајцата лидери ќе најдат заедничко гледиште околу несогласувањето за „дестабилизирачките активности што Иран би можел да ги превземе.“

Израел веќе добива од Америка повеќе од три милијарди долари годишно парична помош за армиски цели и официјални лица велат дека Нетајаху се надева да ја зголеми сумата на четири до пет милијарди долари годишно. Десетгодишниот договор истекува во 2017-та година.

Обама изјави дека двајцата ќе разговараат за нов ваков договор, но американски официјални лица велат дека таков нема да биде финализиран на оваа средба.

XS
SM
MD
LG