Линкови за пристапност

Засилено темпо на коалицијата под водство на САД во нападите против ИД


Тој ова го изјави по средбата во Пентагон со членовите на Советот за национална безбедност

Претседателот Барак Обама вели дека коалицијата под американско водство дејствува со голема доза на итност, целејќи на Исламската држава во Сирија и Ирак и притоа е мошне прецизна во изведувањето на задачите.

По средбата со членовите на Советот за национална безбедност во Пентагон, американскиот лидер подвлече дека коалиционите борбени авиони го засилиле темпото на напади против Исламската држава, на ниво поголемо од кога и да е порано.

„САД и нашите вооружени сили продолжуваат да предводат со глобалната коалиција во мисијата за уништување на терористичката организација ИСИЛ“, вели тој. Во ноември, бомбардиравме цели на ИСИЛ, споредено со кој било друг месец досега“.

Обама додаде дека коалицијата ги елиминира лидерите на Исламската држава, командантите и „убијците, еден по еден“.

Тој истакна дека Одделот за домашна безбедност „го усовршува својот систем за тревога за да му помогне на американскиот народ да остане претпазлив и безбеден“.

На средбата во Пентагон присуствуваа и потпретседателот Џо Бајден и министерот за одбрана Аш Картер.

XS
SM
MD
LG