Линкови за пристапност

Обама: без нови санкции против Иран додека траат преговорите


Вработен во иранската постројка за збогатување на ураниум во Исфахан, на околу 410 километри јужно од Иран
Вработен во иранската постројка за збогатување на ураниум во Исфахан, на околу 410 километри јужно од Иран

Бара од сенатските водачи малку време за да се види дали дипломатските напори ќе дадат резултат.

Американскиот претседател Барак Обама ќе побара од законодавците да не донесуваат нови санкции против Иран додека продолжуваат меѓународните преговори за спречување на нуклеарната програма на оваа земја.

Обама денес во Белата куќа ќе се сретне со првите лица на Сенатските комисии за банкарство, надворешни работи, оружени служби и разузнавање. Тој ќе ги информира за преговорите во Женева меѓу Иран од една и Групата П5+1 (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН: САД, Русија, Кина , Британија и Франција, плус Германија) од друга страна. Преговорите треба да продолжат утре, така што Обама од сенатските водачи ќе побара да дозволат на дипломатијата да донесе резултат.

Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки синоќа изјави дека несомнено, резултатите од досегашните санкции го натерале Иран да седне на преговарачката маса, но побара малку време за да се види дали преговорите ќе успеат.
XS
SM
MD
LG