Линкови за пристапност

САД ќе испратат дополнителни трупи во Сирија


US President Barack Obama

US President Barack Obama

Се работи за 250 припадници на специјалните единици, со цел да се зачуваат придобивките стекнати против Исламската држава.

Претседателот Барак Обама најави дека ќе го одобри планот за испраќање на 250 дополнителни припадници на специјалните единици во Сирија, со цел да се зачуваат придобивките стекнати против Исламската држава.

Обама, којшто се наоѓа во посета на Хановер, Германија, кажа дека мал број американски специјални сили веќе се наоѓаат во Сирија и се успешни во истиснување на борците на Исламската држава надвор од клучните области.

„Дополнителните војници нема да ги предводат борбите на терен, но ќе обезбедат обука и поддршка за локалните борци“, изјави американскиот лидер.

Тој воедно ги повика европските сојузници да ги интензивираат напорите од нивна страна, додавајќи дека САД не можат да ја добијат битката сами и би сметале на, цитираме, силна Европа која исто така ќе го понесе товарот за безбедност во регионот.

Во текот на денот претседателот Обама ќе се сретне со лидерите на Германија, Франција , Британија и Италија на разговори за начините на коишто овие држави можат да придонесат во борбата против Исламската држава во однос на војници и финансиска помош.

XS
SM
MD
LG