Линкови за пристапност

Обама ја истакнува солидарноста во Г7


Од заедничката прес-конференција на американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон во Брисел
Од заедничката прес-конференција на американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон во Брисел

Во контекст на украинската криза, вети американска помош за земјите од Источна Европа, за да ги зајакнат енергетските резерви.

Американскиот претседател Барак Обама ја истакна солидарноста меѓу САД и членките на ЕУ во врска со украинската криза, нарекувајќи ја исклучителна. Тој го кажа ова во Брисел, каде се одржа средбата на првите луѓе на Групата седум индустријализирани земји (Г7).

Главна тема на средбата беше влијанието на санкциите против Русија поради анкесијата на Крим. На заедничка прес-конференција со британскиот премиер Дејвид Камерон, Обама кажа дека средбата ја подвлекла потребата за поголема енергетска безбедност во Европа и вети американска помош за земјите од Источна Европа, за да ги зајакнат енергетските резерви.

За разлика од Обама, Камерон вечерва планира да се сретне во четири очи со рускиот претседател Владимир Путин. Тој најави дека ќе разговара за барањата што ги изложи Г7 - Русија да го почитува резултатот од претседателските избори во Украина, да ја прекине доставата на борци и оружје во источниот дел на земјата и целосно да ги повлече силите од руско-украинската граница.

Наредната средба на Обама во Европа е во Париз, со францускиот претседал Франсоа Оланд.
XS
SM
MD
LG