Линкови за пристапност

Обама во прошталниот говор повика на обединетост и солидарност


Анулирање на рецесијата, воведување на здравствената програма и легализацијата на хомосексуалните бракови, ги нагласи како придобивки за американскиот народ

Претседателот на САД Барак Обама, во вчерашниот проштален говор, рече дека државата е „подобра и поцврста“, отколку во 2008-та година, кога ја презел функцијата.

Обама укажа на анулирање на рецесијата, воведување на неговата здравствена програма и на легализацијата на хомосексуалните бракови, како придобивки за американскиот народ.

Овој дел од неговиот говор, повлече голем аплауз од публиката во Чикаго, на неколку километри од местото каде го одржа говорот, кога го доби првиот мандат како претседател на САД.

На помалку од две недели од инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, Обама рече дека неговиот говор се однесува на сите Американци, за да осигура дека владата може да се соочи со многу предизвици, и оти е заложен да ја направи транзицијата со новата администрација колку што е можно полесна.

„Разбирливо е дека демократијата не бара и еднаквост. Основачите на нашата држава се расправале и правеле компромиси, и се очекува и ние да го правиме истото. Но, тие знаеле дека демократијата бара основно чувство на солидарност“, рече Обама.

Обама е првиот Афроамериканец претседател на САД, и подвлече дека по неговиот избор многумина зборувале за „пострасистичка Америка“, нагласувајќи ја потребата од законите за антидискриминација.

За време на кампањата во 2008-та година, еден од неговите слогани беше „Можеме да веруваме во промена“, а на истата идеја се наврати и на крајот од неговиот проштален говор.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG