Линкови за пристапност

Обама инвестира во научното образование


Обама инвестира во научното образование

Обама инвестира во научното образование

Со млад, образуван кадар „Америка да влезе во форма, за да ја освои иднината“

Американскиот претседател Барак Обама побара нови 80 милиони долари за наставата по наука, технологија, инженерство и математика во училиштата во земјата.

Владата ја најави иницијативата додека Обама беше домаќин на Научниот саем на Белата куќа. Тој ги пофали учениците кои учествуваат на саемот дека чинат „Америка да влезе во форма, за да ја освои иднината“.

„Вие чините да сме сигурни дека ги имаме најдобрите, најумните, највештите работници на светот, така што работните места и индустриите на утрешницата тука да фатат корен“, рече Обама.

Обама и порано го истакнувал научното образование како клуч за економската моќ и конкурентноста на нацијата.

Иницијативата предвидува дополнителен наставен кадар од 100.000 лица кој во текот на наредната деценија ќе образува до ниво на дипломирање еден милион млади Американци во науката, технологијата, инженерството и математиката.

Инвестицијата од 80 милиони долари ќе биде дел од прелог-буџетот на Обама за фискалната 2013-та година што ќе го поднесе до Конгресот на 13-ти февруари.

Покрај владината иницијатива, Обама кажа дека и група на бизниси и институции ќе основа фонд од 22 милиони долари за обука на новите наставници и професори.

XS
SM
MD
LG