Линкови за пристапност

Обама со фокус на економијата


И натаму со став дека најбогатите Американци треба да плаќаат повисоки даноци.

Претседателот Барак Обама за време на првата прес-конференција откако е реизбран на функцијата, истакна дека негов приоритет ќе биде економијата и балансирање на буџетот.

Тој подвлече дека треба да дојде до зголемување на приходите, а истовремено намалување на даноците за 97% од населението. Тој сепак подвлече дека најбогатите Американци треба да плаќаат повисоки даноци, повикувајќи ги законодавците да одобрат економска легислатива пред Божиќните празници.

Во однос на Иран, претседателот Обама истакна дека ќе продолжи да врши притисок за дипломатско решение по прашањето за нуклерните амбиции на оваа земја.
XS
SM
MD
LG