Линкови за пристапност

Обама се обрати на народот на Куба


Obama in Cuba
Obama in Cuba

Фокусот на обраќањето беше комплицираната историја меѓу двата народа и сегашните напори за нормализирање на односите

Американскиот претседател Барак Обама денеска се обрати до кубанскиот народ фокусирајќи се на комплицираната историја меѓу двата поранешни непријатели од Студената војна, сегашните напори за нормализирање на врските и неговата визија за нивните идни односи.

Обраќањето на Обама во Ел Гран Театро де Хавана, за што Белата куќа кажа дека ќе биде еден од врвните настани на неговата посета на Куба, се случува на последниот ден од патувањето. Претседателот исто така ќе присуствува на безбол натпревар меѓу тимот на Тампа Беј, Рејс, и кубанскиот национален тим.

Вчера, по разговорот со кубанскиот претседател Раул Кастро во Хавана, двајцата имаа заедничка прес конференција.

Американскиот лидер кажа дека јасно му кажал на Кастро дека САД ќе продолжат да се залагаат за почитување на човековите права, но „кубанската судбина нема да биде одредена од САД или која било друга нација. Иднината на Куба ќе ја одредат Кубанците“.

Ова беше редок случај Кастро да се согласи на прашања од новинарите.

Претседателот Обама ја направи историската посета на Куба рано во последната година на функцијата во обид да го направи новиот приод кон Куба практично нереверзибилен, вели Белата куќа.

XS
SM
MD
LG