Линкови за пристапност

Обама и Кастро во Хавана разговараат за напредокот и несогласувањата


Ова е прв ден од историската посета на американскиот претседател на Куба, во напор за подобрување на односите со Хавана, по пауза од преку 50 години

Кубанскиот претседател Раул Кастро не присуствуваше на дочекот на американскиот лидер на аеродромот Хозе Марти. Ова е прв пат во 90 години, американски претседател да ја посети Куба. На пречекот на Обама и неговото семејство, присуствуваше малубројна кубанска делегација предводена од министерот за надворешни работи, Бруно Родригез.

Веднаш по пристигнувањето, Обама замина на средба со персоналот на амбасадата на САД во Хавана и неговите семејства.

„Ова е историска посета и историска можност за директен ангажман со кубанскиот народ и воспоставување нови трговски договори, изградба на нови врски меѓу нашите два народа, и за мене, ова значи реализација на мојата визија за иднина којашто е посветла од нашето минато“, истакна Обама.

Претседателот потоа замина на прошетка низ стариот дел на Хавана пред да се сретне со кардиналот Џејми Ортега во градската катедрала.

Планирана е и средба со членови на кубанското граѓанско општество вклучувајќи и активисти за човекови права и покрај противењето од страна на Владата.

XS
SM
MD
LG