Линкови за пристапност

Нов предлог-буџет на Обама


Документот наиде на критика и кај републиканците, и кај демократите.

Претседателот Барак Обама во среда до Конгресот ќе достави нов предлог-буџет за фискалната 2014-та година, за кој најавува дека ќе биде насочен на стимулирање на средната класа и на реформи против дефицитот.

Предложената верзија наиде на критика и од републиканците, и од демократите. Републиканците, предводени од претседателот на Претставничкиот дом Џон Бејнер, се против нови зголемувања на даноците.

Демократите негодуваат поради медиумските најави дека буџетот содржи отстапки за републиканците со кратењата во програмите за социјална и здравствена заштита.

Владини лица велат дека предложениот не е „најидеалниот“ буџет на претседателот. Самиот тој наведува дека предлогот вклучува идеи што обете партии можат да ги поддржат, како и дека би можел да го скрати дефицитот за речиси два трилиона долари во текот на наредните 10 години.
XS
SM
MD
LG