Линкови за пристапност

Претседателот Обама ќе ја посети Азија


Турнејата ќе биде и можност Обама да го промовира Транспацифичкиот трговски договор потпишан од 12 држави.

Претседателот Барак Обама наредниот месец ќе замине на турнеја низ Азија, соопшти Белата куќа.

На 2-ри септември американскиот лидер ќе ја посети Кина каде ќе присуствува на Самитот на Групата 20, по што ќе замине за Лаос, со што ќе биде првиот претседател на САД кој ќе ја посети оваа земја во јужна Азија.

Како што кажа портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, Обама во Кина ќе се фокусира на економските прашања, а ќе се сретне и со неговиот кинески колега, Кси Џинпинг во услови на зголемена тензија во регионот околу Јужното Кинеско Море и нуклеарните амбиции на Северна Кореја.

Патувањето во Азија ќе биде и можност американскиот претседател да го промовира Транспацифичкиот трговски договор потпишан од 12 држави. Обама воедно се надева дека Конгресот ќе го одобри овој договор пред 20-ти јануари, кога му истекува претседателскиот мандат.

XS
SM
MD
LG