Линкови за пристапност

Обама на церемонија за жртвите на „Валканата војна“ во Аргентина


Критичарите велат дека претседателот не требало да дојде во Аргентина на толку важен јубилеј – 40 години од пучот поддржан од САД.

Американскиот претседател Барак Обама се очекува да го посети меморијалниот парк на жртвите од аргентинската т.н. „Валкана војна“ во четврток, на 40-годишнината од пучот со кој бил инсталиран брутален воен режим.

Обама е гостин на новиот претседател на Аргентина Маурицио Макри, кој ветува дека ќе ги зацврсти врските меѓу двете држави.

Декласифицирани американски документи покажуваат дека САД го поддржале режимот за кој активисти за човекови права велат дека бил одговорен за смртта и исчезнувањето на околу 30 илјади луѓе меѓу 1976 и 1983 – периодот на „Валканата војна“.

Критичарите на посетата на претседателот вклучувајќи и многу од оние кои изгубиле членови на семејството во годините под воената влада, велат дека Обама не требало да дојде во Аргентина на толку важен јубилеј. Протести во врска со годишнината се очекуваат во Буенос Аирес и низ целата држава.

XS
SM
MD
LG