Линкови за пристапност

Обама на африканска турнеја


Втора турнеја по Африка откако стана претседател: Обама за време на посетата на Гана, 2009-тата

Втора турнеја по Африка откако стана претседател: Обама за време на посетата на Гана, 2009-тата

Трговијата, инвестициите и промоцијата на демократијата во фокусот на посетите на Сенегал, Јужна Африка и Танзанија.

Американскиот претседател Барак Обама започна еднонеделна турнеја по Африка што ќе биде насочена кон трговијата, инвестициите и безбедноста на храната.

Тој најпрвин ќе го посети Сенегал, каде утре ќе се сретне со претседателот Маки Сал, а ќе учествува и во дискусија со регионални судски првенци, посветена на правната држава.

Давајќи увид во турнејата, главниот американски трговски претставник Мајкл Фроман кажа дека со оглед на слабеењето на епидемијата на СИДА-та и намалената корупција, ова е вистинско време за значително намалување на сиромаштијата во Африка. Но, тој предупреди дека напредокот на континентот се` уште е кревок и кажа дека САД сакаат да им помогнат на оние кои сакаат да надоградат на него.

Обама ќе ги посети и Јужна Африка и Танзанија. Ова е само втора негова посета на Африка откако стана претседател. Тој кусо престојуваше во Гана 2009-тата.
XS
SM
MD
LG