Линкови за пристапност

Обама ги потврди нападите со беспилотни летала


Обама ги потврди нападите со беспилотни летала
Обама ги потврди нападите со беспилотни летала

Американскиот претседател го бранеше користењето на беспилотни летала во Пакистан.

Американскиот претседател Барак Обама го бранеше користењето на напади со беспилотни возила во Пакистан, што американските претставници никогаш претходно не го кажаа отворено.

Зборувајќи за време на градски собир во понеделникот, Обама кажа дека вакви напади биле користени за цели на ал-Каида и нивните соработници и дека многу од нападите биле во полуавтономни племенски области кои се граничат со Авганистан.

Претседателот кажа дека операциите биле многу прецизни и дека САД не авторизираат напади кои се паушални. Тој рече дека тоа е многу фокусиран напор во области кои е тешко да се достигнат на друг начин.

По забелешките на претседателот, портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи за француска новинска агенција кажа дека нападите биле „незаконски, контрапродуктивни и неприфатливи“, и покрај, како што рече, „тактичките предности“.

Пакистанската влада долго ги осудува нападите со беспилотни летала како прекршување на суверенитетот, но се чини дека нападите биле изведувани со помош на пакистанското разузнавање.

Се` до понеделникот, американските претставници немаа потврдено напади со проектили против милитанти во пакистанските племенски области, но под услов да останат анонимни потврдуваа такви напади за различни новински организации.

XS
SM
MD
LG