Линкови за пристапност

Обама нуди план за намалување на цената на високото образование


Обама нуди план за намалување на цената на високото образование

Обама нуди план за намалување на цената на високото образование

Американскиот претседател Барак Обама предлага промени во начинот на кој пари од федералната влада се даваат на колеџи и универзитети, во обид да се намалат трошоците за високото образование во САД.

Тој го изложи планот пред приемчива публика од студенти на Универзитот во Мичиген. Моделиран е според програмата на администрацијата „Трка до врвот“, програма што веќе постои за основното и средното образование.

Обама реагира на зголемувањето на трошоците за колеџ, што за последните 20 години се дуплирани. И тој и` кажа на публиката дека високо образование е клучот за изградба на националната економија.

Тој го поттикна Конгресот да ја усвои легислативата што тој ја предлага за студентска помош и намалување на даноците.

Претседателот кажа дека универзитетите мора да сторат повеќе да ги држат ниско трошоците за студирање, за да ги направат училиштата достапни, и вети дека повеќе помош ќе биде дадена на училиштата за тоа да го одржат. Тој исто така рече дека владите на сојузните држави, кои ги контролираат народните универзитети и колеџи во локалните заедници, мора да сторат повеќе за финансирање на високото образование.

Сепак, Обама не даде детали на неговиот план.

XS
SM
MD
LG