Линкови за пристапност

За Денот на борба против СИДА Обама објави нова помош


За Денот на борба против СИДА Обама објави нова помош

За Денот на борба против СИДА Обама објави нова помош

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун вели дека светот конечно е во позиција да ја искорени СИДАта, но дека финансирањето ќе биде критично за идниот напредок во борбата против епидемијата.

Во изјава по повод комеморирање на денот, Бан ги поттикна меѓународните донатори да ги дадат потребните 24 милијарди долари потребни годишно за пополнување на фондовите на глобалните иницијативи поврзани со болеста.

Во Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама најави дополнителни 50 милиони долари за поддршка на домашни анти-СИДА програми. Тој исто така додаде дека САД поставиле нови цели за помагање на 1,5 милиони ХИВ-позитивни бремени жени во текот на следните две години.

Сепак, многу набљудувачи се загрижени дека глобалните напори може да соочат со сериозни скратувања зашто владите во Европа и во САД се обидуваат да ги надминат големите буџетски дефицити.

Според новиот извештај на ОН, бројот на луѓето инфицирани со вирусот-ХИВ, предизвикувачот на СИДА, се намалил за 21 процент откако глобалната епидемија кулминираше во 1997-ма. Бројот на нови случаи сега досегнува но не и расте повеќе од 2,7 милиони годишно. Порастот на инфекциите во последнава деценија е за 250 проценти во Источна Европа и Централна Азија.

Триесет и четири милиони луѓе ширум светот, иако заразени со ХИВ, и натаму се живи, заради подобрениот лекарски третман.

XS
SM
MD
LG