Линкови за пристапност

Европски самит во Белата куќа


Европски самит во Белата куќа

Европски самит во Белата куќа

Американскиот претседател Барак Обама е домаќин на лидерите на Европската унија кои се на самит во понеделник што се очекува да биде фокусиран на должничката криза на Европа.

Средбата во Белата куќа доаѓа во време кога ЕУ се бори со ставање под контрола на економските проблеми кои се продлабочуваат во еврозоната – групата од 17 европски држави со заедничка валута.

Самитот го вклучува претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Аштон, и американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Лидерите исто така се очекува да дискутираат за иранската нуклеарна програма, блискоисточниот мировен процес, кибернетскиот криминал и тероризмот.

Агенцијата за кредитен рејтинг Муди во соопштение предупреди дека иако не верува во општораширена невозможност за плаќање на обврсите во еврозоната, веројатноста за тоа да се случи на повеќе држави е голема.

XS
SM
MD
LG