Линкови за пристапност

Обама: Нема кратка постапка за израелско-палестински мир


Обама: Нема кратка постапка за израелско-палестински мир

Обама: Нема кратка постапка за израелско-палестински мир

Обама кажа дека е фрустриран од одлагањата во мировниот процес, но дека останува на американскиот став дека конфликтот мора да биде решен преку преговори меѓу Израелците и Палестинците.

Американскиот претседател Барак Обама на Генералното собрание на ОН во среда кажа дека нема „кратка постапка“ за завршување на израелско-палестинскиот конфликт.

Обама кажа дека е фрустриран од одлагањата во мировниот процес, но дека останува на американскиот став дека конфликтот мора да биде решен преку преговори меѓу Израелците и Палестинците, а не во Обединетите нации.

Обама зборуваше за „мандатот без преседан“ да интервенира во Либија како пример за тоа што може да се постигне со меѓународна соработка и дискутираше за одговорот на САД во годината на „сеизмички“ демократски промени во арапскиот свет.

Тој рече дека има уште работа по таканаречената „арапска пролет“ за да им се помогне на нациите повторно да се изградат.

Тој повика на санкции спрема сирискиот режим, велејќи дека сирискиот народ покажал дигнитет и храброст во нивната борба за правда.

XS
SM
MD
LG