Линкови за пристапност

Обама: Некревањето на лимитот на долгот ќе предизвика непресметлива штета


Обама: Некревањето на лимитот на долгот ќе предизвика непресметлива штета

Обама: Некревањето на лимитот на долгот ќе предизвика непресметлива штета

Спикерот на Претставничкиот дом одговори на обраќањето на претседателот со спротивен став

Американските законодавци во вторник ќе дискутираат за два конкурентни планови за кревање на лимитот на националниот долг, со опасно наближување на рокот за избегнување на неможност на плаќање на обврските, на само една недела.

Претседателот Барак Обама во понеделник во телевизиско обраќање кажа дека Конгресот ризикува предизвикување на „длабока економска криза“ доколку законодавците не успеат да постигнат компромис за плафонот на долгот до 2 август.

Неколку часови пред говорот на Обама, Сенатот под контрола демократите и Претставничкиот дом под контрола на републиканците претставија конкурентни планови, од кои и двата предвидуваат скратување на владините трошоци и зголемување на националниот лимит за позајмување.

Во неговиот говор, претседателот Обама го поддржа планот предложен од демократскиот лидер во Сенатот, Хари Рид, чиј план предвидува 2,7 трилиони долари во скратувања на трошоците и кревање на плафонот на долгот за период што ќе го опфати периодот на општите избори следната година во ноември.

Во одговорот на обраќањето на претседателот, републиканскиот спикер на Претставничкиот дом, Џон Бејнер, ја отфрли мерката на Сенатот, велејќи дека е полна со „невистинити пресметки“ и „трикови на Вашингтон“. Наместо тоа, Бејнер предлага 1,2 трилиони во скратување на трошоците, моментално зголемување на границата на долгот за еден трилион долари и друго можно зголемување следната година врзано со дополнителни скратувања на трошоците и даночни реформи.

Во меѓувреме, претседателот Обама кажа дека планот на Бејнер е само краткорочна солуција што не го решава проблемот. Тој ги критикуваше конзервативните републиканци што сакаат да ја решат должничката криза само со намалување на трошоците без барање до корпорациите и најбогатите Американци да придонесат преку менување на даночните шифри.

Доколку нема план до 2 август што на федералната влада ќе и` дозволи позајмување, земјата ризикува да потфрли во должничките обврски. Одделот за финансии нема да може да им исплати на инвеститорите, и каматните стапки ќе се кренат за сите кои сакаат да земат заем од американските банки. Владата исто така не ќе може да одговори на обврските за исплата на чековите за социјално осигурување за пензионираните и да ги одржи корпоративнивните договори.

XS
SM
MD
LG