Линкови за пристапност

Рејтингот на Обама највисок за последните две години


Рејтингот на Обама највисок за последните две години

Рејтингот на Обама највисок за последните две години

Ново истражување на јавно мислење покажува дека популарноста на американскиот претседател Барак Обама достигна највисока точка за последните две години по убиството на Осама бин Ладен пред повеќе од една недела.

Асошиејтед прес во среда ги објави резултатите од телефонска анкета на илјада лица направена меѓу петти деветти мај од истражувачката компанија GfK. Резултатите покажуваат дека рејтингот на претседателот Обама е околу 60 проценти и дека повеќе од половина од Американците велат дека тој заслужува уште еден мандат на функцијата.

По објавувањето на убиството на терористичкиот лидер Осама бин Ладен на 1 мај од страна на американската единица Navy SEALs во акција во Пакистан, близу три четвртини од испираниците во истражувањето на АП кажале дека се убедени оти Обама може да се справи со тероистички закани.

Резултатите на истражувањето исто така покажуваат дека позицијата на претседателот се подобрила и на други полиња освен тероризмот. Педесет и два проценти од Американците ја одобруваат неговата работа во економијата и исто толку велат дека им се допаѓа како тој се справува со високата национална стапка на невработеност од девет проценти.

XS
SM
MD
LG