Линкови за пристапност

Убиецот на двајцата полицајци во Њујорк е со историјат на насилство и ментални болести


Жител на Њујорк на местото на убиството на полицајците во Бруклин
Жител на Њујорк на местото на убиството на полицајците во Бруклин

На Инстаграм најавил дека ќе се одмазди за смртта на Афроамериканци во полициски интервенции

Напаѓачот којшто уби двајца њујоршки полицајци е со историјат на насилство и ментални болести, според поливиски извори.

28-годишниот Исмаил Бринсли ги застрелал полицајците Венџијан Лу и Рафаел Рамос додека седеле во патролен автомобил саботата во Бруклин. Тој потоа избегал во метро-станица во непосредна близина и се самоубил.

Непосредно пред убиствата, Бринсли објавил пораки против владата и полицијата на Инстаграм и алудирал дека ќе се одмазди за смртта на Мајкл Браун и Ерик Гарнер, обајцата Афроамериканци, коишто го загубија животот во две одвоени полициски интервенции, а нивните случаи предизвикаа протести ширум земјата. Веста за убиствата дојде во време на зголемена напнатост во Њујорк и ширум САД по одлуките на големите пороти да не покренат обвинувања против полицајците - белци коишто интеревнираа во овие слуачи.

Бринсли е Афроамериканец, а убиените полицајци се со азиско и латиноамериканско потекло. Според полицијата, Бринсли подолго време пател од ментални болести и повеќепати се обидел да се самоубие. Шефот на полициските детективи во Њујорк, Роберт Бојс, соопшти дека според семејството на Бринсли, тој имал тешко детство и напати насилно реагирал. Неговата мајка кажа дека иако е од муслиманско семејство, тој на ниту еден начин не бил радикализиран. Според Бојс, во доесието на Бринсли се наведени преку 20 апсења од различни причини, од ситен криминал, па се` до закани. Неколку часови пред убиствата во Њујорк, Бринсли ја застрелал и ранил својата девојка во Балтимор.

XS
SM
MD
LG