Линкови за пристапност

Њујорк Тајмс: Намалување на депортациите од САД


Immigration Reform Rallies

Immigration Reform Rallies

Бројот на суспендирани случаи пораснал за над 400 проценти меѓу 2011 и 2013.

Весникот Њујорк Тајмс вели дека бројот на депортации на илегални имигранти во САД, наредени од суд, опаднал речиси за половина од 2009-та.

Цифрите соопштени во средата од Одделот за правда, што врши надзор врз имиграциониот судски систем на федералната влада, покажува дека администрацијата на Обама отворила 26 проценти помалку случаи за депортација во судовите минатата година отколку во 2009-та.

Цифрите го нагласуваат свртувањето на администрацијата кон поголема дискреција меѓу обвинителите во врска со луѓето кои треба да бидат депортирани. Весникот вели дека обвинителите повеќе нуделе суспендирање на случаи на имигранти кои не го прекршиле законот и кои имаат семејство во САД. Бројот на суспендирани случаи пораснал за над 400 проценти меѓу 2011 и 2013.
XS
SM
MD
LG