Линкови за пристапност

Сеул: Лидерите се согласни за намалување на нуклеарното оружје


Лидерите на над 50 држави ја реафирмираа определбата за намалување на светските резерви на нуклеарно оружје.

Американскиот претседател Барак Обама на почетокот на финалната сесија на дводневниот Самит за нуклеарна безбедност во Сеул во вторник на присутните им кажа дека меѓународната заедница мора да направи „сериозни и издржани напори „за намалување на светските резерви на нуклеарно оружје“:

„Се` уште има премногу од оние кои се во потрага по тие опасни материјали, и тие опасни материјали се` уште се пристапни во многу земји. Нема да треба многу од тој материјал да бидат убиени илјадници невини луѓе, и тоа не е претерување, туку реалност со која се соочуваме“.

Обама призна дека е направен напредок откако беше домаќин на самитот во Вашингтон во 2010, и забележа дека бројот на нации кои годинава учествуваат на самитот пораснал на над 50.

На самитот беше фрлена сенка со неодамнешното соопштение од Северна Кореја дека ќе лансира сателит следниот месец. Многу западни нации веруваат дека лансирањето ќе биде всушност тестирање на проектил со долг дострел.

XS
SM
MD
LG