Линкови за пристапност

САД оперирале во хаотични услови по несреќата на Фукушима


САД оперирале во хаотични услови по несреќата на Фукушима

САД оперирале во хаотични услови по несреќата на Фукушима

Документи објавени од американските нуклеарни регулатори покажуваат дека официјалните лица оперирале во „многу хаотични“ услови во првите денови на минатогодишната јапонска нуклеарна криза.

Американската агенција за регулирање на нуклеарната енергија објави повеќе од три илјади страници на транскрипт што го покажува одговорот на агенцијата на нуклеарната катастрофа на Фукушима во март 2011-та. Претседателот на агенцијата Грегори Јацко на новинарите им кажа дека официјалните лица биле принудени да се потпираат на информации од локалните претставници и јапонските медиуми, што во голема мерка биле неточни.

Во еден момент Јацко јавно кажа дека базенот во оштетениот реактор што бил за ладење на прачките на нуклеарно гориво – бил празен, што ги зголемило шансите за повеќе радијација да истекува во воздухот. Но подоцна тој бил инфирмиран дека дека неговата иницијална информација била погрешна.

Фукушима беше најголемата нуклеарна несреќа од по Чернобил, Украина, во 1986-та.

XS
SM
MD
LG