Линкови за пристапност

Ахмадинеџад предупредува против напад на ирански нуклеарни објекти


Ахмадинеџад предупредува против напад на ирански нуклеарни објекти
Ахмадинеџад предупредува против напад на ирански нуклеарни објекти

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги предупреди САД и Израел против изведување напад на нуклеарни објекти во неговата држава, за кои Запад се сомнева дека се дел од програма за развој на атомско оружје.

Во интервју за египетскиот весник Al-Akhbar објавен во понеделник, Ахмадинеџад вели дека Иран „нема да дозволи“ никој да преземе акција против државата. Тој вели дека армиските способности на Иран се подобруваат и тоа предизвикува „страв“ во САД и во Израел.

Но, Ахмадинеџад го повтори својот ставдека иранската нуклеарна програма е за мирољубиви цели. Американските медиуми велат дека во извештај што треба да биде објавен неделава од нуклеарната агенција на ОН ќе објави разузнавачки податоци што покажуваат дека Иран изведувал работа на развивање технологија за нуклеарно оружје.

Весникот Washington Post вели дека западните дипломати и нуклеарни експерти кои ги разгледале податоците веруваат дека Иран развил направа за иницирање нуклеарно оружје со помош на руски научник и други странски експерти.

Медиумите известуваат дека Израел минатата недела шпекулирал за владина дискусија за можна воена акција врз Иран.

Израелскиот претседател Шимон Перез во петокот кажа дека меѓународната заедница е поблиску до воена опција отколку дипломатска солуција во врска со иранскиот нуклеарен проблем. Израел го гледа нуклеарно вооружениот Иран како закана за негов опстанок.

XS
SM
MD
LG