Линкови за пристапност

Обама размислува за прекин на шпионирањето на сојузничките лидери


Сенаторката Даен Фајнстајн вели дека Белата куќа ја информирала дека нема да има повеќе шпионирање, но Белата куќа одбива да каже дека одлука е донесена.

Американските официјални лица велат дека администрацијата на Обама ја разгледува можноста за наложување на Агенцијата за национална безбедност да престане со шпионирањето на лидери на американските сојузници.

Демократката од Калифорнија Даен Фајнстаин која претседава со сенатската Комисија за разузнавање, во понеделникот објави соопштение велејќи дека била информирана од Белата куќа дека „собирањето податоци за нашите сојузници нема да продолжи“. Но официјални лица на администрацијата подоцна нагласија дека конечна одлука по прашањето не е донесена.

Кејтлин Хајден, портпаролка за Националниот совет за безбедност на претседателот Обама, доцна во понеделникот кажа дека администрацијата „веќе донела некои одлуки низ овој процес“, но одби да дискутира во врска со соопштението на Фајнстајн.

Администрацијата на Обама дојде под силна критика последниве недели, дома и во странство, по наводите дека ги следела личните комуникации на 35 светски лидери, вклучувајќи го и мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел.

Фајнстаин повика за „целосна ревизија“ на програмите на американското разузнавање, додавајќи дека нејзината комисија не била „задоволително информирана“ од Агенцијата за национална безбедност (НСА).

Директорот на Националното разузнавање Џејмс Клапер, се очекува да се соочи со прашања во Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом, во вторник.
XS
SM
MD
LG