Линкови за пристапност

Норвешка: Осомничениот напаѓач се појави пред суд


Норвешка: Осомничениот напаѓач се појави пред суд
Норвешка: Осомничениот напаѓач се појави пред суд

Сослушувањето на лицето што призна дека извршил бомбашки напад и масовно убиство траеше 35 минути

Обвинителите кажаа дека ќе побараат осум недели продолжување на притворот за Андерс Беринг Бреивик пред почетокот на судењето.

Претходно, судијата одлучи сослушувањето да биде зад затворени врати, забранувајќи присуство на јавноста и медиумите. Бреивик побара сослушувањето да биде отворено со цел да ги објаснел мотивите зад нападите.

Бреивик е соочен со обвиненија за тероризам за наводно бомбардирање на зградата каде е канцеларијата на премиерот, во Осло, по што стрелал во учесници на младински камп на остров близу Осло. Официјални лица велат дека во нападите загинале 93 лица.

Адвокатот на Бреивик вели дека неговиот клиент ги признал двата напади, но негира дека направил кривично дело. Адвокатот вели дека Бреивик верува оти неговите акции биле „свирепи“ но неопходни да се иницира „револуција“ во норвешкото општество.

Непосредно пред петочниот напад, Бреивик објавил текст на Интернет за како што вели тој – исламизација на Европа преку муслиманската имиграција. Тој ветил дека ќе се одмазди против либералите, обвинувајќи ги за изневерување на христијанството со промовирање на мултикултурализам.

XS
SM
MD
LG