Линкови за пристапност

Нов нуклеарен тест на Северна Кореја


Јужнокорејски владин претставник ги објаснува сеизмичките бранови предизвикани од најновото севренокорејско нуклеарно тестирање.
Јужнокорејски владин претставник ги објаснува сеизмичките бранови предизвикани од најновото севренокорејско нуклеарно тестирање.

Властите во Пјонгјанг соопштија дека пробата била успешна и дека е одговор на, како што наведуваат, „безобѕирното непријателство“ на САД.

Оглушувајќи се на меѓународните предупредувања, Северна Кореја го изврши својот трет нуклеарен тест, што веднаш повлече осуди од државници ширум светот.

Властите во Пјонгјанг соопштија дека тестот бил успешен и дека е одговор на, како што наведуваат „безобѕирното непријателство“ на САД. Официјален Вашингтон предводеше со глобалните напори што доведоа до ширење на санкциите против комунистичката држава.

Според севернокорејските медиуми под државна контрола, била детонирана полесна, помала нуклеарна бомба со поголема експлозивна моќ од претходните тестирања. Ова предизвика загриженост дека Северна Кореја направила пробив во минијатуризирање на технологијата.

Веднаш по тестот, Министерството за надворешни работи на Северна Кореја предупреди на непрецизирани дополнителни мерки. Јужна Кореја веќе ја стави армијата во состојба на зголемена готовност, сугерирајќи дека постои можност од дополнителен севернокорејски нуклеарен тест иили пак лансирање на проектил во вторник.

Советот за безбедност на ОН денес ќе одржи итен состанок за тестирањето.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун веднаш го осуди, како што го нарече, „длабоко дестабилизирачкиот“ тест. Тој кажа дека истиот претставува „чисто и тешко прекршување" на меѓународните санкции.

За американскиот претседател Барак Обама, тестот е „крајно провокативен“ и закана по американската безбедност и меѓународниот мир. Тој побара „брза и доследна“ реакција на меѓународната заедница.

Кина, која, инаку, е главниот сојузник на Сверна Кореја, изрази „цврсто противење“ на тестирањето. Властите во Пекинг презедеа редок чекор, свикувајќи го северенокорејскиот амбасадор, за да му соопштат дека се „длабоко незадоволни и решително против“.

Северна Кореја со недели се закануваше дека ќе изврши тест како одмазда за ширењето на санкциите на ОН. Светската организација се реши на ваков чекор откако Сверна Кореја во декемви изврши лансирање на ракета од долг домет.

Првичните извештаи сугерираат дека најновото тестирање било посилно од претходните во 2006-та и 2009-та. Портпарол на Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека експлозијата била со јачина од 6-7 килотони.

Безбедносниот аналитичар Мајк Мекинли од Австралискиот национален универзитет за Гласот на Америка коментираше дека е важно да се открие каков материјал бил употребен за тестирањето.

„Клучниот доказ ќе биде дали употребиле плутониум како во претходните две тестирања, или пак ураниум. Тоа би покажало дека имаат тајна програма за збогатување на ураниум“, вели Мекинли.
XS
SM
MD
LG