Линкови за пристапност

Американскиот потпретседател се наоѓа во посета на Сеул во рамки на 10-дневната турнеја низ Азија

Потпретседателот на САД Мајк Пенс, стави јасно на знаење дека САД остануваат заедно со Јужна Кореја против Северна Кореја, којашто продолжува да изведува ракетни и нуклеарни тестови.

Пенс, кој се наоѓа во посета на Јужна Кореја, на заедничката прес- конференција со премиерот и вршителот на должност претседател на Јужна Кореја Хван Кјо-ан, рече дека САД стојат 100 проценти со оваа земја, и оти врската меѓу двете држави е нераскинлива.

Потпретседателот рече дека „Северна Кореја ќе направи добро ако не ја тестира“ одлучноста на претседателот Доналд Трамп, додавајќи дека сите опции се на маса, за да се постигне статус на полуостров без нуклеарно оружје.

Рано утринава, Пенс посети воена база на границата меѓу двете Кореи каде се сретна со лидерите на американските трупи.

Пенс, кој се наоѓа на 10-дневна турнеја низ Азија, истакна дека Вашингтон сака да постигне безбедност меѓу Северна и Јужна Кореја, за „мирољубиви цели, преку преговори“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG