Линкови за пристапност

Неуспешни тестовите на проектили во Северна Кореја


Сепак тие се индикација дека владата на Ким Јонг Ун продолжува да напредува во развивањето на балистичката ракетна технологија, спротивно на ОН

Последните тестирања на проектили во Северна Кореја не успеале, но се индикација дека владата на Ким Јонг Ун продолжува да напредува во развивањето на балистичката ракетна технологија, непочитувајќи ги санкциите на Обединетите нации.

Пјонгјанг во среда изведе петти и шести тест на проектили со среден дострел, во крајбрежниот град Вонсан. Американски и јужнокорејски воени официјални лица изјавија дека првиот проектил не успеал, но, вториот летал околу 400 километри пред да падне во морето на Јапонија или Источното Море, како што се нарекува во Јужна Кореја.

САД имаат намера да го осудат лансирањето и да побараат од ОН да ја зацврстат решителноста на светот Северна Кореја да се земе на одговорност заради провокативните дејствија.

XS
SM
MD
LG