Линкови за пристапност

Полицаец - белец во Јужна Каролина обвинет за убиство на невооружен црнец


Откако се појави снимка на којашто тој пука во грб на убиениот

Полицаец – белец во местото Северен Чарлстон во Јужна Каролина е обвинет за убиство и отпуштен од работа откако се појави видео-снимка на којашто тој повеќепати пука во грб на невооружен црнец којшто се обидува да избега од него.

Полицаецот Мајкл Слагер

Полицаецот Мајкл Слагер

Полицаецот Мајкл Слагер го запрел убиениот Волтер Скот за сообраќаен прекршок.

„Не го оправдуваме она што е погрешно, без разлика за кого се работи“, изјави градоначалникот на Северен Чарлстон Кит Самеј на денешната прес-конференција.

50-годишниот Скот бил запрен поради тоа што на неговото возило не работеле светлата за сопирачките.

На видео-снимката, којашто на мобилен телефон ја направил случаен минувач, Слагер осумпати стрела во Скот.

„Ја видов снимката и ми се смачи од она што го видов“, изјави командирот на полицијата во Северен Чарлстон, Еди Дригерс.

Од денешната прес-конференција во Северен Чарлстон

Од денешната прес-конференција во Северен Чарлстон

Инцидентот во Јужна Каролина е најновиот во серијата фатални контакти меѓу невооружени црнци и полицајци – белци во САД, меѓу нив и убиствата на тинејџерот Мајкл Браун во Фергусон, сојузната држава Мисури, и на 12-годишниот Тамир Рајс во Кливленд, сојузната држава Охајо, како и смртта како резултат на задушување на Ерик Гарнер во Њујорк. Овие случаи предизвикаа големи протести ширум нацијата против агресивна полициска тактика во малцинските заедници.

На прес-конференцијата во Северен Чарлстон, дел од демонстрантите извикуваа „Ако нема правда, тогаш нема мир“.

Демонстрант со транспарент на којшто пишува: Уште колку други?

Демонстрант со транспарент на којшто пишува: Уште колку други?

Самеј и Дригерс рекоа дека го посетиле семејството на Скот за да изразат сочувство поради убиството, но одбија да одговорат на бројните новинарски прашања за него. Тие информираа дека надлежните власти во Јужна Каролина и Федералното истражно биро започнале одделни истраги.

Откако Скот по истрелите паѓа на земја, Скот му приоѓа и му става лисици, а потоа се враќа на местото од каде отвори оган. Зема нешто од земјата, доаѓа до телото на Скот и го става тој предмет веднаш до него.

Таткото на Скот, Волтер Скот постариот, за ТВ-мрежата НБЦ изјави дека верува оти неговиот син најверојатно се обидел да побегне затоа што „не сакал повторно да оди во затвор“ поради неплатена издршка за неговите деца.

Слагер првично изјави дека отворил оган затоа што Скот го зел неговиот тејзер за време на кошкањето.

Неидентификуван сведок, којшто го снимил инцидентот, ја предал снимката на семејството на Скот. Адвокат на семејството ја предал на Њујорк тајмс, а весникот вторникот ја објави на својата Интернет-страница.

XS
SM
MD
LG