Линкови за пристапност

Нуклеарниот реактор на Северна Кореја може да е рестартиран


This Agust 6, 2012 satellite image provide by GeoEye on August 22, 2012 shows the Yongbyon Nuclear Scientific Research Center in North Korea. (AFP photo/GeoEye Satellite Image)

This Agust 6, 2012 satellite image provide by GeoEye on August 22, 2012 shows the Yongbyon Nuclear Scientific Research Center in North Korea. (AFP photo/GeoEye Satellite Image)

Американско-kорејскиот институт при Универзитетот Џонс Хопкинс својот заклучок го базира на нови сателитски фотографии.

Истражувачка група со седиште во Вашингтон вели дека Северна Кореја веројатно го рестартирала реакторот за плутониум, што би било исполнување на ветувањето за проширување на нивната нуклеарна програма.

Американско-корејскиот институт при Универзитетот Џонс Хопкинс својот заклучок го базира на неодамнешни сателитски фотографии кои изгледа дека покажуваат бел чад како излегува од зграда во близина на реакторот во главниот нуклеарен комплекс Јонгбјон на Северот.

Реакторот беше затворен во 2007 според договорот помош-за-разоружување. Но во април, Пјонгјанг предупреди дека ќе ги рестартира операциите во Јонгбјон заради подобрување на својата нуклеарна сила „по квантитет и квалитет“.

Извештајот, што беше објавен во блог на Институтот, вели дека бојата и волуменот на белиот чад виден на 31 август на фотографии на комерцијален сателит сугерираат дека реакторот сега е во погон.

Северна Кореја не го потврди извештајот.

Џејмс Актон, соработник во Програмата за нуклеарна политика на институцијата Карнеги Ендаумент вели дека мисли оти реакторот за плутониум бил рестартиран.

Но тој за Гласот на Америка кажа дека може да треба време пред реакторот да биде во состојба да продуцира плутониум што може да биде користен во оружје.
XS
SM
MD
LG